Дома Трансфер зона Лаказет го напушта Арсенал, но останува во Лондон

Лаказет го напушта Арсенал, но останува во Лондон

Александре Лаказет дефинитивно ќе го напушти Арсенал на крајот на сезоната и веќе почна да бара нов клуб.

Договорот на Лаказет истекува на крајот на сезоната, „топџиите“ му понудија едногодишен договор, но напаѓачот ја одби понудата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најсилен интерес за него покажува Вест Хем, па големи се шансите Французинот да остане во Премиер лигата.

Лион исто така сака да го врати во своите редови, но проблем е високата плата, која пак „чеканите“ нема да имаат проблем да му ја плаќаат.

Лаказет од почетокот на сезоната запиша 28 настапи на кои постигна 8 гола и веќе започнал преговори со Вест Хем, каде треба да пристигне како слободен агент.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал Мадрид добил понуда од 45 милиони евра за Ѓулер

Aрсенал знаел да добие одлично засилување од Реал Мадрид, а пример за тоа е Мартин Одегард…