Шпанска „Марка“ пренесува дека Реал Мадрид влегува во завршни преговори со ѕвездата на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд.
Генералниот директор на Борусија Дортмунд, Ханс Јоаким Вацке ќе отпатува во Мадрид на преговори со Флорентино Перез.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Весникот тврди дека Халанд веќе го избрал Реал Мадрид, а договорот може да биде објавен уште оваа недела.
Трансферот на Халанд ќе чини околу 130 милиони евра, иако со сите бонуси плус петгодишен договор сумата би достигнала околу 350 милиони евра.
Реал Мадрид првично сакаше да го купи Халанд во 2023 година, но голгетерот не сакал да чека уште една година и верува дека сега е вистинско време за преселба во Мадрид.