Дома Трансфер зона ПСЖ спреми 80 милиони за СМС

ПСЖ спреми 80 милиони за СМС

Долгогодишната сага за трансферот на Сергеј Милинковиќ-Савиќ најверојатно ќе има свој епилог ова лето.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Српскиот репрезнетативец има договор со Лацио до 2024 година, но италијанскиот клуб е спремен да го продаде на лето.

Лацио има финансиски проблеми и ќе мора да прави реконструкција на тимот на лето, па поради тоа е спремен да го „жртвува“ Србинот и му одреди цена од 80 милиони евра.

Според пишувањето на француските медиуми, ПСЖ го одредил СМС како примарна трансфер цел на лето и е спремен да ја плати споменатата сума.

ПСЖ веќе стапил во контакт со агентите на српскиот играч за врска и нема да има проблем да постигне договор за 5-годишна соработка, а наскоро ќе испрати и понуда од 80 милиони евра до Лацио.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…