Дома Фудбал Икер Касиљас маскиран помеѓу навивачите на „Бернабеу“ го гледал големиот пресврт на Реал 📸

Икер Касиљас маскиран помеѓу навивачите на „Бернабеу“ го гледал големиот пресврт на Реал 📸

Реал Мадрид вчера го победи ПСЖ со 3:1 и така обезбеди место во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ваквиот резултат донесе големо задолвство и среќа кај голем број навивачи ширум светот, а помеѓу групата навивачи беше и Икер Касиљас кој 25 години помина во Реал Мадрид. Касиљас вчера во живо и тоа помеѓу навивачите го следел големиот пресврт на Реал.

Сепак бил маскиран, па навивачите не го препознале. Фотографијата од трибините Икер ја објави после мечот.

„Ова беше епски натпревар кој го доживеав на „Бернабеу“. Луѓето беа возбудени и среќни поради пласманот во четвртфиналето“, напиша Шпанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Свилар го чека трансфер на кариерата: Рома бара 60 милиони евра!

Јувентус започна прелиминарни контакти со Рома по однос на можниот ангажман на голманот Ми…