Дома Фудбал Англија Лукаку јавно се извини на навивачите, Тухел, соиграчите и управата на Челзи 🎥

Лукаку јавно се извини на навивачите, Тухел, соиграчите и управата на Челзи 🎥

Ромелу Лукаку поради интервјуто на „Скај Италија“ не се најде во составот на Челзи за натпреварот против Ливерпул.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Лукаку во интервјуто зборуваше дека се кае што го напуштил Интер и дека не е среќен во Челзи. Белгиецот испрати и критики до системот на игра кој го практикува Томас Тухел.

Два дена подоцна Лукаку јавно им се извини на сите.

„Се извинувам на навивачите поради вознемиреноста која ја предизвикав. Сите ја знаете мојата поврзаност со клубот уште од тинејџерските денови. Разбирам што ве вознемирува, останува да ја вратам вашата доверба, ќе дадам се од себе со посветеност на тренинзите. Се извинувам и на тренерот, соиграчите и управата затоа што мислам дека не беше добар момент да го зборувам тоа. Сега сакам да го оставам тоа зад себе и да работам за тимот на најдобар начин“, изјави Лукаку.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Хаос во една репрезентација: Јас повеќе нема да играм додека тој е селектор!

Централниот играч за врска на Вилјареал, Папе Гуеје, објави дека повеќе нема да игра за ре…