34-годишниот фудбалер од Гана Кевин Принс Боатенг ги критикуваше денешните млади фудбалери.
Според Боатенг младите фудбалери воопшто не работат на себе, па затоа ги критикуваше.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Младите фудбалери денес не работат на својот талент. Верувајте ми, знам што тоа значи. Поголемиот дел од нив возат Мерцедес на 19 години и мислат дека се добри и дека веќе не мора ништо да прават за да напредуваат“.
„Не остануваат после тренинзот, не тренираат дополнително, апсолутно ништо. Единствено на што мислат е играње Плејстејшн после тренингот и поминување време на Инстаграм. Мислам дека фудбалот се промени, баш како и целото друштво“, заклучи Боатенг.
Денес Боатенг игра за Херта каде и што ја започна кариерата. Во берлинскиот тим се врати во јули оваа година откако ја заврши епизодата во италијанска Монца.