Дома Фудбал Останато На ќерката на Марадона не и дозволиле да влезе на стадионот на Наполи

На ќерката на Марадона не и дозволиле да влезе на стадионот на Наполи

Диего Армандо Марадона почина на 25. ноември изминатата година, а Наполи на повеќе начини изрази почит кон својата легенда. Помеѓу другото тие и го именуваа својот стадион во чест на својата најголема фудбалска икона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Меѓутоа бизарна ситуација се случила со ќерката на Марадона. Ќерката на Марадона пристигнала во Неапол на снимање на документарец за нејзиниот татко, но градот не и дозволил да влезе на стадионот овие денови.

„Неверојатно ми е тоа што не можам да влезам на стадионот кој го носи името на мојот татко“, изјавила Далма Марадона, „Ла Република“.

Информациите од Италија се дека би можела да добие дозвола за влез на 22. декември, меѓутоа тука проблемот е што таа има закажано лет за враќање во Аргентина пред тој датум.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Повредата на Угарте може да ги промени трансферните планови на Манчестер Јунајтед

Во Манчестер Јунајтед со загриженост очекуваат вести за повредата на Мануел Угарте, откако…