Дома Фудбал Проблемот во Реал е сериозен: Покрај Модриќ и Марсело, има уште петмина заразени!?

Проблемот во Реал е сериозен: Покрај Модриќ и Марсело, има уште петмина заразени!?

Реал Мадрид вчера објави дека Марсело и Модриќ се позитивни на коронавирус, но изгледа дека не се во прашање само тие двајца.

Шпанските медиуми пренесуваат дека покрај Модриќ и Марсело има уште петмина фудбалери на Реал заразени и така се доведува во прашање натпреварот кој Реал треба да го игра во недела против Кадиз. Според правилата на располагање еден тим мора да има 13 играчи.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Забранети се сите посети во тренинг комплексот на Реал, откажан е тренингот кој требаше да се одржи утрово, а сите играчи, тренери и вработени ќе прават ПЦР тестирање. Резултатите се очекуваат денес.

„,Марка“ објави дека Модриќ, Марсело и останатите фудбалери кои би биле позитивни ќе мора да бидат во изолација најмалку 10 дена, а тоа би значело дека нема да играат повеќе во 2021 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Изненадување: Интер ја следи ситуацијата околу Онана

Раководството на Интер внимателно го следи развојот на ситуацијата со голманот на Манчесте…