Дома Фудбал Драма на отворањето на СП: Еве како беше евакуирана легендата на Реал Мадрид (Видео)

Драма на отворањето на СП: Еве како беше евакуирана легендата на Реал Мадрид (Видео)

Свеченото отворање на Светското првенство во Мексико донесе вистинска драма за легендарниот бразилски фудбалер Марсело. Поранешниот лев бек на Реал Мадрид пристигна во Мексико Сити за да го следи спектаклот во живо, но по натпреварот се најде среде насилни протести.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Иако на социјалните мрежи сподели фотографии од отворањето и победата на Мексико над Јужна Африка со 2:0, не ги спомена напнатите моменти кои ги доживеа. Имено, по завршување на натпреварот, славниот Бразилец беше заробен во хаосот од судирите меѓу демонстрантите и полицијата околу стадионот Азтека. Според шпанските медиуми, властите ја оценија ситуацијата како високоризична за фудбалерот.

Мексиканските власти организираа обемна безбедносна операција со илјадници полициски службеници за да го обезбедат мирното отворање на првенството. Сепак, различни општествени движења го искористија настанот за протестирање пред, за време и по натпреварот. На неколку локации околу стадионот дојде до жестоки конфликти меѓу лицата кои протестираат и безбедносните сили.

Штом полицијата го забележала Марсело среде метежот и нередот, веднаш реагирала. Со брза интервенција успеала да го заштити и безбедно да го извлече од опасната зона. За среќа, фудбалерот беше евакуиран без повреди, а цел инцидент за него заврши само со голем страв. Снимката од евакуацијата погледнете ја ТУКА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Непријатни вести од Светското: А дали ќе го гледаме Нејмар? Солзи во Бразил!

Фудбалски Бразил би можела да остане без своја најголема надеж додека трае целата групна ф…