Дома Фудбал Италија Влаховиќ со хет-трик ја потопи Специја, едно полувреме за Пандев 🎥

Влаховиќ со хет-трик ја потопи Специја, едно полувреме за Пандев 🎥

Фиорентина им се врати на победите благодарение на фантастичниот Душан Влаховиќ.

Влаховиќ денес покажа дека не за „џабе“ е мета на големите клубови и запиша хет-трик против Специја. Во 44. минута ја доведе Фиорентина во водство, а потоа во второто полувреме постигна уште два гола за конечни 3:0.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Тимот на Горан Пандев, Џенова иако создаде 19 шанси кон голот на Венеција, натпреварот заврши 0:0. Пандев го одигра првото полувреме.

Во третиот натпревар кој се играше во терминот од 15:00 часот Сасуоло беше поразен од Емполи со 1:2.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Во Манчестер сити не сакаат да го чекаат Гвардиола, ќе мора побрзо да одлучи!

Управниот одбор на Манчестер Сити формално побара од менаџерот на тимот, Пеп Гвардиола, да…