Дома Фудбал Италија „Ако Интер го имаше Лукаку ќе го победеше Јувентус 3:0“

„Ако Интер го имаше Лукаку ќе го победеше Јувентус 3:0“

Фудбалерите на Интер вчера ремизираа против Јувентус во Серија А одигрувајќи 1:1.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Интер одлично го отвори натпреварот и успеа да дојде до предност во 17. минута кога Един Џеко го постигна својот седми гол во Серија А. Јувентус до изедначување дојде во 89. минута. Главниот судија на натпреварот после реакцијата на  ВАР досуди пенал, а сигурен реализатор беше Паоло Дибала.

„Интер беше многу подобар од Јувентус. Не се сеќавам дека гостите имаа некој удар во рамките од голот во текот на натпреварот. Ако вчера Интер го имаше Лукаку ќе победеше со 3:0“.

Пеналот кој го доби Јувентус?

„Не би сакал да го коментирам. Не гледам како Јувентус ќе изедначеше ако не беше тој пенал, воопшто не создаваа сериозни шанси за гол“, смета Бергоми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Левандовски добива големо богатство од Саудиска Арабија

Роберт Левандовски ќе ја напушти Барселона на крајот од сезоната откако двете страни не ус…