Тренерот на ПСЖ, Маурисио Покетино зборуваше на пресконференцијата пред утрешниот меч со Манчестер Сити во Лигата на шампиони.
Секако едно од првите прашања на новинарите беше дали Лео Меси ќе биде спремен за дуелот со „граѓаните“.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Меси е заедно со останатите во групата за дуелот со Сити, ни не можам да потврдам дека ќе игра. Да кажам дека утре играме против тимот кој го предводи најдобриот тренер во светот. Ние како тим сме во фаза на изградба, токму затоа противникот е во мала предност. Сепак, ова е фудбал и се може да се случи“, изјави Покетино.
Аргентинскиот тренер не сакаше да му дава големо значење на скандалот кој се случи викендов помеѓу Мбапе и Нејмар.
„Мбапе и Нејмар се фантастични момчиња. Во фудбалот понекогаш нормално е да има тензија меѓу играчите кои имаат победнички менталитет. Ќе разговарам и со двајцата, сакам да видам каде е проблемот. Инаку и самите видовте дека за време на тренингот тие и се шегуваа меѓусебе“ .