Дома Фудбал Италија Помошник на Мурињо во Рим ќе му биде легендата на Рома?

Помошник на Мурињо во Рим ќе му биде легендата на Рома?

Жозе Мурињо од следната сезона ќе ја води Рома, а според последните информации од Италија негов помошник би можел да биде Даниеле Де Роси.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Поранешниот капитен и легенда на римскиот клуб од неодамна е помошник во репрезентацијата на Италија на Роберто Манчини, а сега дел од медиумите во Италија пишуваат дека би можел да се врати во Рим.

Мурињо и Рома наводно се договориле дека клубот нема да троши премногу ова лето, но дека ќе биде доведен нов голман, напаѓач и играч за врска. Се споменува и заминување на одредени фудбалери.

За Мурињо Рома ќе биде втор клуб во Италија откако го водеше Интер во сезоната 2009/2010. Де Роси за Рома играше од 2001 до 2019 година, а се пензионираше минатата година како играч на Бока Јуниорс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Конте за иднината: Претседателот ги знае моите мисли веќе еден месец

Тренерот на Наполи, Антонио Конте, го искажа своето задоволство од пласманот во Лигата на …