Атлетик Билбао денес одигра 0:0 против Селта Вига, а овој натпревар привлече внимание поради неверојатниот податок за Ињаки Вилијамс.
Имено, повремениот шпански репрезентативец последен пат натпревар за Билбао пропуштил во 2016 година и од тогаш одиграл 184 натпревари во низа. Ова е навистина нешто неверојатно и реткост во денешниот фудбал. Вилијамс во овие пет години ниту еднаш не бил суспендиран или повреден.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Како што споменавме ваквата ситуација е реткост во денешниот модерен фудбал, но во минатото имало такви случаи па Вилијамс се изедначи на третата пзоиција со Андони Зубизарета со најмногу натпревари во низа. Сепак треба да се потенцира дека Зубизарета беше голман.
184 – Athletic's Iñaki Williams has equaled Andoni Zubizarreta as the third player with the most consecutive LaLiga games (184). Milestone. pic.twitter.com/gfgmeJO0mX
— OptaJose (@OptaJose) March 14, 2021