Дома Трансфер зона Завршен најскапиот трансфер во историјата на романскиот фудбал!

Завршен најскапиот трансфер во историјата на романскиот фудбал!

Oна што беше најавено сега доби и официјална потврда – Денис Ман и официјално е нов играч на Парма кој стана најскапо платен фудбалер кој заминал од некој романски клуб.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Како и што се споменуваше пред само два дена, Парма за суперталентираниот крилен напаѓач плати 13 милиони евра оштета, плус уште 2 преку бонуси. Со овој трансфер Ман го прескокна досегашниот рекорд Николај Стачиј кој во 2016 година од Стеауа премина во Андерлехт за сума од 9.7 милиони евра.

Клубот од Букурешт заработи огромна сума за ова момче кое своевремено го плати само 400.000 евра. Романската јавност во него гледа нов голем ас после Георги Хаџи.

Она што веројатно е најважно за Стеауа и клупскиот сопственик Џиџи Бекали, Парма ги обезбеди сите банкарски гаранции и трансферот ќе биде исплатен и реалзииран и во случај клубот да испадне во понизок ранг или да отиде во бакрот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…