Првото заминување од Манчестер Јунајтед оваа зима е договорено.
Холандскиот десен бек Тимоти Фосу Менса го напушта „Олд Трафорд“ и се сели во Бундеслигата. „Црвените ѓаволија“ ја прифатија понудата за овој фудбалер од Леверкузен вредна два милиони евра.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Оваа мала оштета не треба да чуди затоа што Менса влезе во последните шест месеци од договорот и ја одби понудата на Манчестер Јунајтед да го продолжи договорот. Тој сакаше нова средина каде што ќе има повеќе простор за игра.
Леверкузен беше најконкретен и на крајот успеа да го договори трансферот. Останува само уште Менса да договори ситни детали околу личните услови со „Фармацевите“. За него покрај Јунајтед интерес покажаа Херта и Ајакс.
Холанѓанецот во Манчестер Јунајтед дојде како 16 годишник и дебитираше под водство на Луис Ван Гал. Со заминувањето на неговиот сонародник ја изгуби и поддршката во Јунајтед, подоцна клубот го испраќаше на позајмица во Кристал Палас и Фулам. Оваа сезона се врати во Јунајтед, но од Солскјер доби вкупно 30 минути.
Фосу Менса е првиот фудбалер во низата кој ќе го напуштат Јунајтед оваа зима. Следен би требало да биде Одион Игало на кого му истекува позајмицата од Кина и таа нема да биде продолжена, на излезни врати се и Маркус Рохо и Серхио Ромеро.