Навистина е неверојатно она што го прават хрватските клубови на трансфер пазарот.
Се почна со Динамо кој го крена нивото кога се оштетите за играчите во ХНЛ во прашање, па на „Максимир“ повеќе скоро и да не продаваат играч ако не се работи за сума од 10-20 милиони евра.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сега дури и најслабиот тим во ХНЛ, Истра успеа да продаде млад фудбалер за висока сума. 15 годишниот талент и капитен на репрезентацијата на Хрватска до 17 години, Роко Живковиќ преминува од Истра во Ред Бул Салзбург за три милиони евра.
Сумата од три милиони евра за австрискиот гигант нема да претставува проблем, меѓутоа секако таа многу ќе значи за Истра. Трансферот е завршен и младиот Роко со неговиот татко веќе во Австрија и се многу брзо ќе биде официјализирано.