Денвер и Хјустон преговараат за голема зделка.
Според објавата на новинарот на „ЕСПН“ Брајан Видшорст Денвер веќе отворил преговори со Рокетси за да го добие Џејмс Харден.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сега пред Нагентси е голем момент на одлука, посебно затоа што имаат што да понудат поради големиот број млади играчи и пикови од драфтовите, предводени од Никола Јокиќ и Џамал Мареј. Едно е јасно, Јокиќ е недопирлив и околу него нема преговори исто е и со Бол кој неодамна потпиша договор.
Што можат да понудат?
Нагетси се надеваат дека би можеле да ги испратат Мајкл Портер, Гари Херис и Вил Бартон и уште неколку пикови за да го добијат Харден.
Сепак, истиот извор наведува дека Денвер најверојатно ќе мора да се откаже од Мареј кој заработува 27 милиони долари. Со евентуално пуштање на Мареј тие би можеле со Харден да се надеваат и на подобар „пакет“ во кој би бил вметнат уште Пи-Џеј Такер.
Денвер ќе одлучи дали Харден вреди за таква жртва, а со него во тимот веројатно ќе треба да размислат и за промена на физиономијата на играта.