Дома Фудбал Останато Најлуди трансфери: Како Реал лажеше поради Јарни, а наркоманот Каниџа заврши во Данди!

Најлуди трансфери: Како Реал лажеше поради Јарни, а наркоманот Каниџа заврши во Данди!

Се уште не заврши јуни, а европските клубови во трансфер периодот потрошија веќе стотици милиони евра. Најмногу купуваат од Монако, различни играчи плаќаат по десетици милиони евра, цените се пумпаат до максимунот и се заедно води до фактот дека го очекуваме најлудиот транфер период во историјата.

Мбапе, Лукаку, Белоти, Бејл… Сите овие играчи ќе ги променат клубовите за најмалку 100 милиони евра, а за помалку од 40-50 милиони евра денеска не може да се купи речиси никој. За сето тоа, велат дека е „виновен“ трансферот на Пол Погба од минатото лето кој ги промени трансферите во Европа, а англиските клубови конечно потврдија дека се силни добри и великодушни купувачи.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Ниту Баерн Минхен веќе не е тој што што беше. Од клуб кој донесуваше само едно вистинско засилување во сезоната, Баварците веќе потрошија 100 милиони евра, а наводно се уште се во игра и за Алексис Санчез кој Артуро Видал го убедува да дојде во Баерн.

Износите кои англиските клубови меѓусебно ги плаќаат за некакви „десни бекови“ се граничат со здравиот разум. Дополнителниот шлаг на тортата последниве неколку години се Кинезите кои без никаков проблем платија 70 милиони евра за Оскар или за Карлос Тевез да платат 30 милиони евра годишна плата. Патот кон Истокот ова лето би можел да го помине Пјер-Емерик Обамејанг кој со трансферот од 80 милиони евра би го поздравил со сериозен фудбал, иако во Европа со години сигурно би имал што да покаже.

Едноставно, такви се времињата. Некои велат дека дивеењето на трансферите ќе расте од година во година, други пак тврдат дека во прашање се само времиња кога колапсот ќе се сруши самиот во себе. Но, додека тоа не се случи и понатаму секој трансфер период редовно ќе пратиме и гледаме кој овој пат ќе ја надмине границата на лудилото.

Едно е сигурно, денеска тешко дека може да се случи некој голем, капитален играч, доколку ја исклучиме Кина, заврши во некоја фудбалска егзотика, бидејќи таму игра или е тренер некој добар пријател. Или пак сака да биде во центарот на вниманието, па одлучи да си замине во редовите на некој нисколигаш и таму да потоне во романтика.

За жал, романтиката во фудалот ја нема одамна, како што ни многу веројатно нема да ги има и лудите и невозможните трансфери кои во текот на годините ги гледавме. Од Пеле во Њујорк Космос, преку Каниџа во Данди до О`Брајан во Јувентус. Не сте слушнале за О`Брајан? Ништо чудно, не слушнаа ниту илјадници навивачи на Јувентус кога пристигна во Торино.

Тој е само еден на листата на најчудните, невообичичаените, најмногу посакуваните транфери. Доколку ги рангираме по лудост би било самоубиство, но во време кога се зборува за трансферите, ред е да се потсетиме.

Пеле во Њујорк Космос

Иако овој трансфер можеби ќе биде најсватливиот на листата, тоа не го прави помалку чуден. За младите читатели, замислите Кристиано Роналдо денеска да си замине во пензија и по две години да потпише, да речеме за Мананг Марчианди од Непал, под покровителсто на промовирање на фудбалот во таа земја. Можеби примерот е невообичаен, но слично на овој начин Пеле го шокираше светот во 1974. година кога пристигна во фудбалкиот егзотичен САД.

Вистината е дека легендарниот Бразилец останал без пари и новоформираниот Њујорк Космос да му плати шест милиони долари за да ја фрли топката во „големото јаболко“. Во 56 настапи во три сезони постигна 31 гол и во 1977. година ја прослави титулата во со американскиот шампион Космос, со што предизвика лавина од заминувања на големите играчи во САД.

Клаудио Каниџа во Данди

„Доколку кокаинот е дрога, јас сум наркоман“, легендарната изјава на аргентинскиот „син на ветерот“, како што беше наречен. Велат дека Клаудио Каниџа во најдобрите денови сто метри можел да ги претрча за 10,2 секунди, што било само 28 стотинки поспоро од тогашниот светски рекордер Карл Луис.

Велат, исто така, дека единствените линии кои Каниџа не ги шмркал биле оние на тревникот, иако во отсуство би сакал да ги шмрка и нив. За жал, Каниџа остана запаметен повеќе по прашањата поврзани со ноќниот живот, отколку по фудбалот. По одличните игри за Ривер, Верона, Аталанта и Бенфика, Каниџа во 1995. се врати во Аргентина. Во Бока Јуниорс добро започна, но започна играчки и секој друг пад го одведе повторно во Аталанта, сега второлигаш.

Но, таму се скара со тренерот, а потоа сензационално си замина во Данди! Не требаше премногу за темпераментните Шкоти целосно да се запалат за големиот Аргентинец кој со 33 години стана апсолутен херој на Данди.

Роберт Јарни во Ковентри, па во Реал Мадрид

Откако што со Хрватска во 1998. година освои трето место на СП во Франција, беше јасно дека Роберт Јарни Бетис ќе го замени со многу поголем клуб. И тоа најголем. Реал по секоја цена го сакаше одличниот хрватски лев бек, но имаше само еден мал проблем. Не постоеше ниту еден посто шанса Бетис да го продаде Јарни на големиот ривал. Нула посто!

 

Но, Реал пронајде начин како да го доведе, иако се беше „по прописи“. Мадриѓаните како посредник го ангажираа Ковентри Сити кој „сензационално“ го доведе Јарни за 2,6 милиони фунти. И додека сите беа зачудени како бараниот лев бек заврши токму во Ковентри, а Јарни ниту го облече дресот на новиот клуб, сопствениците на Сити експресно го продадоа на Реал. За 3,4 милиони фунти.

Како причина за брзото заминување од Ковентри наведен е фактот дека Јарни никако не можел да се навикне на животот во градот, што никој не може да го обвини. Неофицијална вистина е, како што тврдат Англичаните, е дека Ковентри му помогна на Реал и со тоа заработи 800,000 фунти, што во 1998. година не беа малку пари. И сите беа задоволни.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Најцрниот месец во кариерата на Гвардиола: Вакво нешто никогаш не му се случило!

Пеп Гвардиола и Манчестер Сити го доживуваат најтешкиот период во нивната заедничка сорабо…