Дома Фудбал „Би сакал ФИФА да го повлече дресот со бројот 10 во сите екипи“

„Би сакал ФИФА да го повлече дресот со бројот 10 во сите екипи“

Прераната смрт на легендарниот Диего Марадона ги погоди љубителите на фудбалот ширум светот.

Скоро и да нема спортист кој не се опрости од Ел Пибе, а тренерот на Марсеј, Андре Вилаш Боаш синоќа упати интересен предлог до ФИФА.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Тој во чест на Марадона побара никогаш повеќе да не се носи дресот со број 10 во било кој тим на светот.

„Би сакал ФИФА да го повлече дресот со број 10 во сите натпреварувања и во сите екипи. Тоа би било најдобар начин да му се укаже чест. Ова е голема загуба за фудбалскиот свет.“ – рече Вилаш Боаш.

Навистина е тешко да се верува дека ФИФА ќе се одлули на таков потег, но сосема сигурно дека ќе се најде начин Диего засекогаш да биде во легендите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ништо од Барса и Реал: Еден од најбараните дефанзивци го избрал новиот клуб

Џонатан Тах, откако Чаби Алонсо го потврди своето останување, најави дека по завршувањето …