Дома Фудбал Жестоки критики после новиот пораз: „Пјаниќ и Де Јонг не можеа да направат едно додавање“

Жестоки критики после новиот пораз: „Пјаниќ и Де Јонг не можеа да направат едно додавање“

Барселона доживеа нов пораз, овој пат синоќа од Атлетико Мадрид.

Барса делуваше безидејно, навивачите се разочарани, јасно е дека после десет кола нешто не е во ред. Популарната „Марка“ жестоко ја критикуваше играта на Барса.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Играчите на Барселона од кои најмногу се очекува не беа на ниво. Гризман лета по теренот, Пјаниќ и Де Јонг не можеа да одиграат едно додавање, а Меси не може сам. Аргентинецот е видно потресен од се што се случува околу него, но и таков е најдобар на теренот. Освен играчката криза, Барса е во големи проблеми со повредите. Фати нема да се врати со месеци, а сега го нема и Пике кој исто така заработи сериозна повреда.“ – се наведува во анализата на Марка.

Барса толку лош старт не памети од сезона 1991/92. Тогаш, како и сега освоија само 11 бода после осум кола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Чаби Алонсо: Ова со Винисиус не треба да се повтори

Чаби Алонсо се враќа емотивно на “Енфилд”, каде што изгради кариера како фудбалер на Ливер…