Фудбалерите на Вест Хем испишаа историја на натпреварот против Тотенхем.
Имено, Тотенхем после првото полувреме имаше водство од 3:0, а погодоците ги постигнаа Сон и Хари Кејн.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тој резултат беше на семафорот се до 82. минута, а потоа започна сензационалното враќање во режија на Вест Хем.
Прво Балбуена во 82. минута погоди за 3:1, a три минути подоцна Санчез со автогол нмали на 3:2.
Бод и неверојатно враќање на гостите им донесе Ланзини во 94. минута, односно во последните секунди од натпреварот.
Така, Вест Хем стана првиот тим во историјата на ПЛ кој после негатива од три гола до 81. минута успеал да избегне пораз.