Дома Македонски спорт Кој е Даниел Мусовски? Пред неполна година постигна 4 гола за 41 минута! ?

Кој е Даниел Мусовски? Пред неполна година постигна 4 гола за 41 минута! ?

Денес селекторот Игор Ангеловски потврди дека 24 годишниот Даниел Мусовски кој го носи дресот на Лос Анџелес во МЛС лигата прифатил да игра за Македонија.

Мусовски како што изјави Ангеловски уште во ноември против Грузија би можел да и помогне на Македонија во историскиот меч за пласман на Европското првенство. Дефинитивно потребно ни е освежување во нападот, па Мусовски би можел да биде вистински потег на селекторот.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Мусовски е малку познат на макадонската јавност, го познаваат веројатно само оние кои повеќе ја следат американската МЛС лига.

Пред само една недела Мусовски беше избран за МВП на колото во МЛС лигата. Во натпреварот против Сител, Лос Анџелес победи со 3:1, а Мусовски постигна два гола.

Целата досегашна кариера тој ја помина во САД. Тој прво настапуваше за младинската академија на Лас Вегас , после што се пресели во Лас Вегас Мобстерс каде што играше до 2015 година, а една сезона подоцна потпиша за Бурлингејм Драгонс, по Драгонс следуваше трансфер во Таксон.

Во 2018 година потпиша за Сан Хозе, не се задржа долго веднаш беше испратен на позајмица во Рено 1868 каде што опстана до 2019 година и постигна 16 гола. Во Лос Анџелес пристигна оваа сезона и во 11 настапи собра четири гола.

Tреба да се спомене и неговиот подвиг за тимот на Рено пред 11 месеци кога постигна четири гола за 41 минута.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Реал Мадрид и Барселона ја следат ситуацијата со Халанд

Според информациите на британските медиумите Ерлинг Халанд сака да го напушти Манчест…