Хан Кванг Сонг потпиша во јануари оваа година за Јувентус за сума од 3.5 милиони евра, а шест дена италијанскиот шампион го продаде на за пет милиони евра на катарскиот Ал-Духаил.
Сега тие трансфери се под истрага на Советот за безбедност бидејќи претставуваат кршење на економските санкции изречени за Северна Кореја, државата од која доаѓа 22 годишниот фудбалер.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Според пишувањето на италијанските медиуми, Кванг-Сонг требало да се врати во Северна Кореја во декември 2019 година бидејќи на државјаните на таа земја и се забранува да работат во странство затоа што дел од заработката оди за режимот на Ким Јонг. Така испаѓа дека Кванг-Сонг со заработувањето во фудбалот ја финансира нуклеарната програма на Северна Кореја. Јувентус и Ал Духаил биле предупредувани дека може да добијат санкции, но клубовите ги игнорирале предупредувањата.
Поради ваквата ситуација Фиорентина претходно мораше да се откаже од потпишување на договор со Чое Сонг-Хјук. Италинаската влада интервенираше и го спречи клубот да го потпише договорот.
Кванг Сонг за Ал-Духаил постигна три гола во девет натпревари. За Јувентус никогаш не заигра, а настапи 20 пати за вториот тим минатата година на позајмицата од Каљари и постигна еден гол.