Екипата на Саса го приреди најголемото изненадување во 1/16-финалето од фудбалскиот Куп на Македонија, откако го совлада фаворитот Борец по изведувањето на пенали.
Велешани двапати водеа, домаќините успеваа да израмнат, па веднаш се пристапи кон изведување на пенали во кои фудбалерите на Саса беа подобри со 3-1.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во другите дуели, фаворитите немаа проблем со своите ривали и се пласираа воосминафиналето.
Резултати:
Росоман – Беласица 1-5
Силекс – Тетекс 5-1
Охрид – Ренова 0-4
Пелистер – Љуботен 4-0
Гостивар – Тиквеш 5-0
Слога Виница – Шкупи 1-2
Македонија ЃП – Победа 1-0 (по пенали)
Велешта – Кожуф 1-2