Каи Хаверц ја напушти базата на германската репрезентација во Штутгарт и отпатува во Лондон каде што во наредните 48 часа ќе стане нов играч на Челзи.
Тој прво ќе ги помине лекарските прегледи, а потоа ќе стави потпис на 5-годишен договор. Челзи го собори клупскиот трансфер рекорд и се согласи за неговиот потпис да плати 100 милиони евра со вклучени бонуси.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Од Баер Леверкузен излегоа денес со официјално соопштение и потврдија дека Хаверц отпатувал за Лондон за да го комплетира трансферот во Челзи.
ℹ️ Kai Havertz has left the Stuttgart headquarters of the German national team to clarify matters surrounding a potential move to Chelsea. This took place after a discussion with Bayer 04 and DFB leadership. pic.twitter.com/pjeAX7Aoe8
— Bayer 04 Leverkusen (@bayer04_en) September 4, 2020