Дома Фудбал Останато Иран се пласира на Светското првенство во Русија!

Иран се пласира на Светското првенство во Русија!

Фудбалерите на Иран изборија пласман на Светското првенство во 2018 година и станаа третата селекција по домаќинот Русија и Бразил, која се пласира на Мундијалот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Иран, во Групата А, го совлада Узбекистан со 2:0, со головите на Азмун и Тареми и на две кола до крајот на квалификациите има 20 бодови на првото место, осум повеќе од третопласираниот Узбекистан.

Пласман од А групата на СП ќе избори уште една репрезентација, а во моментов на второто место се наоѓа Јужна Кореја со 13 бодови.

Репрезентацијата на Иран во досегашниот тек од квалификациите нема примено ниту еден гол. Селектор на оваа селекција од 2011 година е поранешниот тренер на Реал, Португалецот Карлос Кеирош.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Вака 40-годишниот голман стана херој против Шпанија – го одигра натпреварот на кариерата и заплака! (Видео)

Репрезентацијата на Зеленоортските Острови направи големо изненадување на Светското првенс…