Бразилскиот играч за врска на Барселона, кој од следната сезона ќе игра за Јувентус, Артур Мело, заминал во својата татковина без дозвола на Каталонците.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
„Мундо Депортиво“ пренесува дека Артур одбива да игра за Барселона во Лигата на шампиони бидејќи веќе потпиша договор со Јувентус.
Тој е решен да остане во Бразил по цена да плати и казна за одбивање на клупска наредба.
Барселона ќе го дочека Наполи на 8 август во реваншот од осминафиналето од ЛШ, првиот натпревар заврши 1:1.
Артур ќе пристигне во Јувентус по завршувањето на сезоната во ЛШ, но Бразилецот повеќе не сака да игра за клубот од „Камп Ноу“.