Дома Фудбал Репрезентации Шпанија рутински подобра од Македонија во Скопје

Шпанија рутински подобра од Македонија во Скопје

Македонската фудбалска репрезентација загуби вечерва од Шпанија со 2:1, во рамки на квалификацискиот натпревар за пласман на Светското првенство во Русија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Искусниот шпански тим одигра онолку колку што беше потребно за да си замине од Скопје со трите бода, а во тоа им помогнаа и македонските фудбалери, со слабата и анемична игра.

Поведе Шпанија со голот на Давид Силва, постигнат во 15 минута, а на 2:0 зголеми Диего Коста, во 27 минута.

Во второто полувреме македонската репрезентација заигра поангажирано, што резултираше со прекрасен гол на Стефан Ристовски во 66 минута.

До крајот на мечот Шпанците успеаја да го сочуваат резултатот, а Македонија барем малку да го поправи впечатокот од лошото прво полувреме.

Следниот натпревар Македонија му гостува на Израел на 2 септември.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Уништен живот и крај на кариерата: Познатиот напаѓач е осуден на осум и пол години затвор!

Една фудбалска кариера заврши на брутален начин. Познатиот шпански напаѓач Рафа Мир денес …