Дома Трансфер зона Потврдено: Милан преговара со ѕвездата на Вердер

Потврдено: Милан преговара со ѕвездата на Вердер

Милан е силно заинтересиран за напаѓачот на Вердер и косовски репрезентативец, Милот Рашица, пренесува „Билд“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Билд“ открива дека косовскиот репрезентативец во договорот со Вердер има откупна клаузула од 38 милиони евра. Меѓутоа, двата клуба почнале преговори бидејќи Милан не е спремен да ја плати таа сума.

Оваа сезона Рашица игра фантастично и на 34 меча постигна 11 гола и запиша 8 асистенции за Вердер. Покрај Милан силен интерес за крилниот напаѓач покажуваат уште Ливерпул и Лајпциг.

Новиот тренер на „росонерите“ Ралф Рагник одлично го познава фудбалерот и сака да го донесе на „Сан Сиро“.

Директорот на Вердер потврди дека двата клуба ги започнале преговорите, а трансферот би требало да изнесува околу 20 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…