Обамејанг на крајот од сезоната би можел да го напушти лондонски Арсенал.
Габонецот со Топџиите има договор уште една година, но јасно е дека не е многу среќен на Емирати. Обамејанг со доаѓањето во Арсенал очекуваше дека клубот ќе се бори за трофеи, но тоа не е случај.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Арсенал следната сезона веројатно нема да игра во Европа, па кај напаѓачот се вклучи алармот дека нешто мора да се менува. Веќе од поодамна се шпекулира дека сака да замине, а веќе еднаш одбил и продолжување на договорот.
Обамејаг се поврзуваше со неколку европски клубови, но денеска Телеграф ги изненади навивачите на Арсенал со својата објава. Имено, тие тврдат дека е можно Габонецот следната сезона да го гледаме во дресот на Ливерпул.
Наводно, Јирген Клоп нема ништо против тоа Обамејанг да дојде во Ливерпул доколку Арсенал не бара многу пари. Сигурно е дека ќе биде одлично засилување за Црвените, но дали Арсенал ќе ја пушти својата најголема ѕвезда во ривалски клуб останува да видиме.