Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, по триумфот над Арсенал, изрази поддршка за движењето „Црните животи се важни“.
Пред почетокот на мечот фудбалерите на двата тима оддадоа почит кон борбата против расизмот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Белците треба да се извинат за тоа како се однесуваа со црните луѓе 400 години. Се срамам. Мораме да испратиме милиони пораки до црнците. Мене ми е срам од тоа што го направиле белите луѓе. Како луѓето можат да мислат дека се различни? Сите гестови се добри и позитивни“.
„Се што можеме да сториме е да ја подигнеме свеста, дека таквото однесување е неприфатливо. Мораме да направиме многу работи кои досега не сме ги сториле за луѓето со темна боја на кожата. Во моментов се случува добра кампања на таа тема и борбата мора да продолжи“, изјави Гвардиола.