Дома Македонски спорт Мак фудбал 17. мај 2011: Датум кој секој навивач на Вардар сака да го заборави

17. мај 2011: Датум кој секој навивач на Вардар сака да го заборави

17. мај е ден на кој најтрофејниот македонски клуб, Вардар не сака да се сеќава, денешниот ден се памети како најцрн во историјата на црвено-црните.

На денешен ден во 2011 година Вардар изгуби од Тетекс ос 1:2 и на тој начин и официјално ги загуби шансите за опстанок во првата македонска лига. Тоа беше една тешка сезона во која се немаше ниту пари, ниту играчи…Состојбата беше толку лоша што тешко се пронаоѓааа средства за основните работи.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Таа година Шкендија за првпат стана шампион на Македонија, додека Вардар иако испадна остана во лигата откако беше направен договор со Миравци кој требаше да влезе во првата лига.

По таа година ситуацијата во Вардар тргна на подобро и освоени беа две титули во низа.

Денес, пак ситуацијата во клубот не е сјајна. Сергеј Самсоненко пред неколку дена преку официјално соопштение објави дека се повлекува од клубот. Финасиите повторно се проблем и Вардар втора година во низа може да остане без лиценца за настап во Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Агрегаторите да ги почитуваат авторските права на интернет порталите, преземањето на содржините како до сега е неприфатливо

Интернет порталите изразуваат спремност за разговор и договор со агрегаторите, но потпишаа…