Популарната страна „hballtransfer“ овие денови со помош на некои ракометари избира најдобри тимови.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Најдобриот тим на Вардар од 2000 годна па наваму ги избираше Данецот Расмус Бојсен и тој се одлучи за: Штербик, Дибиров, Стоилов, Шишкарев, Карачиќ, Циндриќ и Абутовиќ. За тренер го избра Раул Гонзалес.

Во еден коментар беше запрашан зошто го нема Иван Чупиќ, а Бојнсен одговори:
„Тешко е да се избере помеѓу Чупиќ и Шишкарев, но Шишкарев има повеќе настапи, повеќе сезони и игра повеќе дефанзивно. Чупиќ е подобар пред голот“.