Како и некои негови колеги во периодот на изолација Ромелу Лукаку се вклучи во живо на Инстаграм и одговараше на прашањата од фановите.
Белгискиот напаѓач одлично се вклопи во Интер и брзо ги освои срцата на навивачите. Едно од прашањата кои привлече најмногу внимание поради одговорот на Лукаку беше поврзано за хрватскиот фудбалер Марсело Брозовиќ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Марсело ме нарекува агресивен, а тој со неговата нова фризура мене ми личи на по*но актер. Не ми се допаѓа тоа што го прави со косата“, низ насмевка прокоментира белгискиот фудбалер.
Потоа доби прашање за Лаутаро со кого формираа супер тандем.
„Лаутаро е фантастичен и како човек и како играч. Расте заедно со тимот и навистина сум задоволен што имам прилика да играм со играч каков што е тој“, одговори Ромелу.