Дома Фудбал Германија Официјално: Тухел повеќе не е „милионер“

Официјално: Тухел повеќе не е „милионер“

Борусија Дортмунд денес официјално потврди дека ја прекинува соработката со тренерот Томас Тухел.

Само неколку дена после освојувањето на Купот стигна потврда за она што медиумите го најавија изминатите денови. Борусија Дортмунд и Тухел се раделија една година пред истекот на договорот.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Пред клубот да издаде официјално соопштение самиот Тухел преку социјалните мрежи ја потврди веста.

„Благодарен сум за прекрасните, инспиративни и бурни години. Штета што нема да продолжи. Им благодарам на навивачите, тимот, и персоналот во клубот. На Борусија и посакувам се најдобро во иднина“, напиша Тухел на Твитер.

Извори од Германија тврдат дека Тухел веќе нашол нов ангажман и од следната година ќе го предводи Баер Леверкузен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Србија има нов селектор – сериозно тренерско име!?

Селекторот Драган Стојковиќ вечерва даде оставка од позицијата на која беше четири години.…