Дома Фудбал Лига на шампиони Официјално: ПСЖ и Дортмунд ќе играат без публика

Официјално: ПСЖ и Дортмунд ќе играат без публика

Реванш осминафиналниот натпревар од Лигата на шампионите меѓу ПСЖ и Борусија Дортмунд ќе се игра без публика, потврдија француските медиуми.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Поради актуелната ситуација со коронавирусот вратите од стадионот во Париз за мечот меѓу ПСЖ и Дортмунд ќе бидат затворени.

Париската полиција денес ја соопшти одлуката со оглед на строгите мерки за превенција од коронавирусот.

„Во примена на мерките што ги објави Советот за одбрана во неделата навечер, префектот на полицијата одлучи дека натпреварот ПСЖ – Борусија ќе се одвива зад затворени врати“, стои во соопштението.

Натпреварот се игра во среда со почеток од 21 часот, Борусија Дортмунд има предност од 2-1 по првиот меч.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Анри се плаши да проговори – дали судиите го штитат Сити во борбата за титулата?

Легендарниот Тјери Анри како аналитичар секогаш ја кажува својата мисла, но овој пат реши …