Дома Фудбал Останато Дали ова ќе го запре лудилото: Кинезите воведуваат 100% данок за фудбалски трансфери!

Дали ова ќе го запре лудилото: Кинезите воведуваат 100% данок за фудбалски трансфери!

Кинескиот фудбалски сојуз воведе ново правило според кое тамошните клубови по доаѓањето на странските играчи ќе мора да платат данок во износ на трансферот.

Овој данок ќе биде наменет за развој на млади кинески играчи, но таков потег значи дека кинеските клубови во иднина нема да бидат во можност да трошат енормни суми на засилувања од Европа, како што беше случај досега.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Новиот закон кој стапува на сила на првиот ден од преодниот рок, односно 19 јуни, носи неизвесност околу најавените големи трансфери какви што се Диего Коста и Вејн Руни.

Челниците на кинески фудбал претходно го намалија бројот на странци од четири на три во првата постава со цел унапредување на тамошниот фудбал и развој на репрезентацијата.

Овие одлуки се производ на трошење огромни суми пари за трансферите и платите на Карлос Тевез, Хулк, Оскар, Аксел Витсел, Пато и други.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Левандовски испиша историја📷

Барселона има водство по првото полувреме против Брест во Лигата на шампиони, а стрелец на…