Играчот од средината на Борусија Дортмунд зборуваше за стравот кој го претрпел на 11 април после нападот на клупскиот автобус.
Во нападот тогаш повреден беше Марк Бартра, а Кагава откри дека сеуште има психолошки проблеми поради сетоа тоа што се случило.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Се плашам да влезам во автобус, се плашам додека патуваме на натпреварите, бев преплашен и понатаму сум, да бидам искрен“, изјави Јапонецот.
Три бомби експлодираа на тој 11 април, а тие очигледно сеуште се во главата на Кагава.
“Бев скамент. Погледнав зад себе и видов само скршени прозорци. Го видов Бартра кој беше на земја. Како и сите останати, комплетно се тресев“, додаде Кагава.