Белгискиот напаѓач Ромелу Лукаку оваа сезона игра фантастичен фудбал во дресот на Интер.
Многумина беа скептични кога Антонио Конте ги убеди сопствениците на Интер на лето да платат 65 милиони евра за Лукаку кој зад себе имаше две лоши сезони во Манчестер Јунајтед. Сепак, тој трансфер неколку месеци подоцна изгледа како полн погодок.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Лукаку во досегашниот дел од сезоната постигна 18 голови во сите натпреварувања, а имајќи предвид дека сме само јануари можеме да претпоставиме дека ќе стигне и до бројката од 30 гола.
Вчера Лукаку постигна два гола во победата против Каљари во купот на Италија, дека не е истиот играч покажува и уште еден детал. Лукаку на два пати имаше одличен прв допир со топка, после што мајсторски ги проигруваше соиграчите. Токму тој негов сегмент од играта покрај неефикасноста беше најчесто критикуван додека го носеше дресот на Јунајтед.
Lukaku first touch analysts, please report for duty. pic.twitter.com/Ik62gVfrIx
— InterCoppaItaliaVids (@CoppaVids) January 15, 2020