Барселона вчера против Атлетико водеше со 2:1, но на крајот изгуби со 2:3 и остана без финале во шпанскиот Суперкуп.
„Сакавме да го освоиме трофејот, но беше тешко, не успеавме, мораме да одиме понатаму“, изјави Лионел Меси кој постигна два гола на тој натпревар, но вториот му беше поништен од ВАР поради играње со рака.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
После овој пораз се зголемија гласините дека Ернесто Валверде може да добие отказ.
„Имаме доверба во него. Продолжуваме да работиме и да станеме подобри. Одигравме добар натпревар, но не успеавме да победиме. Тимот има на што да работи, луѓето гледаат дека не играме онака како што сакаат. Мораме да продолжиме да веруваме и да поправиме повеќе работи“, смета Аргентинецот.
Атлетико за прв под водство на Диего Симеоне постигна три гола против Барселона и во финалето ќе игра против градскиот ривал Атлетико.