Дома Останати Кошарка НБА Oдлични вести: Дончиќ се враќа порано од очекуваното!

Oдлични вести: Дончиќ се враќа порано од очекуваното!

Дончиќ изгледа се враќа порано од очекуваното.

Лука Дончиќ се повреди пред околу две недели, во прашање беше повреда на десниот зглоб. Неколку дена по потврдата се појација информации, а и неговата мајка јавно зборуваше дека најверојатно Лука на терените ќе се врати на почетокот на новата година.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Дончиќ се повреди после само две миути игра против Мајами. Повредата не беше толку сериозна, но во Далас не сакаа ништо да ризикуваат, па Словенецот пропушти неколку натпревари.

На последниот тренинг Дончиќ изгледал одлично и го одработил во целост. Според она што се пишува низ медиумите во САД ќе го видиме на паркетот веќе во четврток навечер кога Далас игра против Сан Антонио Спарс.

Оваа сезона Дончиќ има просек од 29.3 поени, 9.6 скокови и 8.9 асистенции по натпревар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Нов трипл-дабл на Јокиќ, Денвер загуби од Кливленд

Кошаркарите на Денвер загубија од Кливленд со резултат 126:114, а српскиот кошаркар Никола…