Мајката на Лука Дончиќ Мирјам Потребин објави некои податоци од повредата на својот син на церемонијата на доделувањето на наградите за најдобрите словенски спортисти во 2019 година.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Дончиќ се повреди во натпреварот против Мајами и иако беше најавено дека кратко ќе паузира изгледа дека нема да го гледаме на паркетот пред почетокот на 2020 година.
„Денес имаше нов преглед на зглобот и беше покажано дека потешко истегнување“, изјави мајката Мирјам и додаде дека се надева на враќање на Лука на почетокот на новата година.
Лука е трет најдобар стрелец во НБА лигата со 29.3 поени, 8.9 асистенции и 9.6 скокови по натпревар. Пред натпреварот со Мајами имаше просек од 30.4 поени, 9.4 асистенции и 9.9 скокови по натпревар.
Инаку, Лука не беше избран за спортист на годината во Словенија, таа награда му припадна на велосипедистот Примож Роглич и спортската качувачка Јањи Гарнбрет. Дончиќ заврши на втората позиција.
. За најдобар тим на Словенија е прогласена машката одбојкарска репрезентација.