Дома Фудбал Италија Ќе пукне нов сеир: Јунајтед, да не ви е потребен Лукаку?

Ќе пукне нов сеир: Јунајтед, да не ви е потребен Лукаку?

Ромелу Лукаку се препороди со доаѓањето во Интер.

Лукаку вчера постигна два нови гола за Интер и му донесе на тимот важна победа во Болоња, а Белгиецот за кратко време стана омилен помеѓу навивачите.


ЕУРО 2024: Кој јунак ќе ја сопре Франција!? ↓↓↓


Во италијанското првенство Лукаку постигна девет гола, а интересно е што во последните два месеци е поефикасен од цел тим на Манчестер Јунајтед.

Лукаку во тој период постигна осум гола, додека Јунајтед каде што беше сметан за вишок постигна седум.

Во Јунајтед сигурно можат да жалат за Лукаку кој игра во голема форма и конечно после долго време Интер со него изгледа дека може да му биде конкурентен на Јувентус за трофејот во Серија А.

Следниот натпревар на Интер е во вторник кога италијанскиот тим гостува кај Борусија Дортмунд во натпревар од Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Погледнете што промаши Лукаку🎥

Ромелу Лукаку како да е претплатен за големи промашувања, па и ова Европско првенство го з…