Дефанзивецот на Баерн Минхен, Лука Хернандес ќе отсуствува од терените подолго време откако синоќа ги повреди лигаментите од зглобот.
Најскапото засилување во историјата на Баерн се повреди на синоќешното гостување кај Олимпијакос во Лигата на шампиони.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Францускиот репрезентативец се повреди во 58-та минута и веднаш го напушти теренот, а потоа стана јасно дека се повредени лигаментите на зглобот.
„Баерн ќе биде без Хернандес во престојниот период. Тој има делумно кинење на лигаментот на десниот глужд“, потврдија од Баерн.
Ова е исклучително лоша вест за Баварците кои пред неколку дена останаа без Николас Суле, кој поради повреда ќе го пропушти остатокот од сезоната.