Дома Фудбал Италија Лукаку изедначи рекорд на Милито од историската сезона на Интер

Лукаку изедначи рекорд на Милито од историската сезона на Интер

Кога Интер во финишот од преодниот рок плати 80 милиони евра за Ромелу Лукаку многумина се сомневаа во таквата одлука на италијанскиот клуб, меѓутоа има одличен старт.

Белгискиот напаѓач од почетокот на сезоната постигна пет голови за Интер и покажа дека ќе биде големо засилување за Антонио Конте. Лукаку постигна голови против Лече, Каљари, Милан и два против Сасуоло.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Лукаку успеа да биде стрелец во првите четири гостински натпревари. Последен на кој му успеало такво нешто во Интер е Диего Милито. Милито до ваков учинок стигна во 2009 година.

Аргентинскиот напаѓач навивачите на Интер го паметат по сезоната 2009/2010 кога во освојувањето на тројната круна постигна 30 голови. Милито во таа сезона постигна два гола и во финалето и беше еден од најзаслужните што Интер предводен од Мурињо стигна до „триплета“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Нè чека пеколна борба за ЛШ: Астон вила му одржа лекција на Њукасл

Екипата на Астон Вила попладнево приреди вистинска фудбалска лекција и со убедлива победа …