Манчестер Јунајтед продолжува со бледите партии и лошите резултати сезонава, па после денешниот пораз од Њукасл се најде на само два бода од зоната за испаѓање.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Тимот на Солскјер одигра уште една бледа партија и беше казнет во последните дваесетина минути од мечот.
Херој за Њукасл беше 19-годишниот Метју Лонгстаф, кој всушност е дебитант во Премиер лигата и го постигна победоносниот гол во 72-та минута од мечот.
„Црвените ѓаволи“ до крајот се обидуваа да го избегнат поразот, но беа хаотични и не успеаа да постигнат гол.
После овој пораз Манчестер Јунајтед се наоѓа на само два бода од зоната за испаѓање, па сериозно е разнишана позицијата на Солскјер.