Дома Фудбал Англија Видео: „Црвената армија“ на Клоп незапирлива, неверојатен пресврт на Арсенал

Видео: „Црвената армија“ на Клоп незапирлива, неверојатен пресврт на Арсенал

Големото дерби на „Стенфорд Бриџ“ му припадна на Ливерпул, кој продолжува со максималниот ефект. Арсенал дојде до неверојатен пресврт против Астон Вила.

Ливерпул дојде до водство уште во 14-та минута со фантастичниот гол на Александер-Арнолд. Десетина минути подоцна Аспиликуета израмни, но судијата во консултација со ВАР го поништи голот.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Веќе во 30-та минута после еден слободен удар Фирмињо беше највисок во скокот и погоди за 2:0, резултат со кој се отиде на полувреме.

Во второто полувреме гледавме голема борба, израмнет фудбал, со шанси на двете страни. Канте во 70-та минута намали на 2:1, но „сините“ немаа сили да го избегнат поразот.

Арсенал стигна до фантастичен пресврт и победа од 3:2 против Астон Вила. „Топџите“ одиграа многу лошо прво полувреме, најпрво во 20-та минута Џон Мекгин погоди за водство на гостите, а десетина минута подоцна Мејтланд-Најлс доби црвен картон, па останаа со играч помалку.

Никола Пепе израмни од пенал во 59-та минута, но само две минути подоцна Астон Вила повторно го врати водството. Во последните десет минути Чемберс и Обамејанг погодија за голема победа на Арсенал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Голманот на Шкупи со „кунг-фу“ удар го нокаутира ривалот, Тиквеш конечно победи (Видео)

Тиквеш конечно стигна до првата победа во новата сезона од Првата македонска фудбалска лиг…