Дома Фудбал Англија Солскјер: Добро е што си заминаа Лукаку и Санчез

Солскјер: Добро е што си заминаа Лукаку и Санчез

Ромелу Лукаку и Алексис Санчез изминатото лето го напуштија Манчестер Јунајтед и двајцата се пресели во Интер.

Јунајтед не доведе замена за нив двајца, Солскјер се потпре на играчите кои ги има на располагање. Поради заминувањето Лукаку и Санчез шанса доби и 17 годишниот Мејсон Гринвуд.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Гринвуд беше стрелец во натпреварот против Астана во Лигата на Ервопа.

Солскјер смета дека е добро што си заминале Санчез и Лукаку за тој да се истакне.

„За мене тоа беше вистинска одлука. Мислам дека Мејсон Гринвуд и клубот ќе профитираат, ова ќе биде важна сезона за нас. Не играше многу досега, но сега ќе добие минути да расте и да се развива“, изјави Солскјер после триумфот над Астана од 1:0.

Во наредното коло од Лигата на Европа Солскјер со Јунајтед ќе гостува кај АЗ Алкмар. Пред тоа го очекуваат натпревари со Вест Хем и Арсенал во Премиер лигата, како натпревар со Рочдејл во Лига Купот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ливерпул спреми 70 милиони за Гринвуд

Мејсон Гринвуд, кој претходно беше дел од Манчестер Јунајтед, сега блеска во француската л…