Дома Фудбал Англија Уште еден важен потпис на „Олд Трафорд“ (фото)

Уште еден важен потпис на „Олд Трафорд“ (фото)

Виктор Линделоф е вториот важен фудбалер на Манчестер Јунајтед кој оваа недела потпиша нов договор со клубот од „Олд Трфаорд“.

Со новиот договор Швеѓанецот се обврза на верност кон „црвените ѓаволи“ до 2024 година со опција за продолжување на додатни 12 месеци.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


25-годишниот дефанзивец пристигна во Манчестер Јунајтед во 2017 година и до овој момент има запишано 74 меча за „црвените ѓаволи“.

„Уште кога пристигнав во Јунајтед се чувствувам тука како дома. Во последните две години пораснав многу како личност и како фудбалер, за што сум му благодарен на сите во клубот. Целта ми е да му помогнам на клубот да освојува трофеи во иднина“, изјави Линделоф.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Габриел Жесус потпишува за гигантот од Серија А!

Како што пренесуваат бразилските и италијанските медиуми, напаѓачот на Арсенал, Габриел Же…